Теодулос Грегориу

Теодулос Грегориу е роден во Малунта во Никозија во 1956 година. Живее и работи во Никозија и Париз.

Со стипендија од УНЕСКО, од 1976 до 1981 година студирал сликарство на Институтот за ликовни уметности „Николае Григореску“ во Букурешт. Тој продолжил со стипендија од француската влада и се запишал на Меѓународниот град на уметнностите (Cité internationale des arts) и на Факултетот за ликовни уметности во Париз (1986–1987).

Неговото учество на Биеналето во Венеција (Аперто 1990) било почеток на значително присуство на меѓународната уметничка сцена. Има создадено монументални дела на јавни простори во Кипар, Франција и Грција. Својата работа ја има претставено на многу самостојни и меѓународни групни изложби во Кипар и во странство.

Растејќи покрај антички (бронзен) рудник за бакар, Теодулос се води од географскиот и меморијалниот потенцијал на материјалот и содржината. Во режија на принципот на Аристотел „Материјата сама по себе го носи принципот на движење и промена, но добива облик и слика со интервенција на умот“, тој се обидува да ги обедини навидум спротивставените (хронолошки, просторни, културни, географски, хемиски) елементи преку уметноста. Благодарение на апстрактните структурни обрасци, уметникот дозволува овие странски компоненти да коегзистираат. Користејќи ја дигиталната технологија, уметникот ја заобиколува својата процесна „сегашност“ во потрага по нешто повеќе безвременско, помалку врзано во моментот.

Меѓу неговите најзначајни дела била изложбата во галеријата на кипарски антиквитети во Музејот Лувр, која била претставена помеѓу 2008 и 2010 година и насловена „Кипар, од неолитот до Теодулос“.

Исто така, делото што Теодулос го поставил во зградата на УНЕСКО во Париз со наслов „Киттара; Клетки- Хирокитиа“ и била продолжение на делото „Кипар, од неолитот до Теодулос“ кое било изложено во Музејот Лувр.

Овие креации започнале од утврдениот пристап на неговото уметничко истражување за симболиката на геометријата, нејзиниот однос со логиката, мерката и хармонијата и продолжиле врз основа на елемент, симболичен за него, клетката. Анализирајќи ја клеточната структура на кипро-слоговото и кипро-минојското писмо, кружната структура на неолитската населба Хирокитија и правоаголната структура на онаа на Енгоми, тој нύ ја открива нивната целосна врска со клеточната структура на модерниот електронски пејзаж.

Во конкретното дело во УНЕСКО, уметникот се инспирирал од архитектонската кружна структура на археолошката населба на неолитска Хирокитија. Оваа архетипска клеточна структура останала непроменета низ времето и уметникот ја сретнал во електронската средина, каде што повторно клетката е главниот составен елемент на создавањето. Во реализацијата на делото користи симболични нишки, а во релјефот користи исконски, дијахрониски материјали како земја, окер и бакар и железен оксид. Архетипските идеи, структури и материјали за уметникот се нишката што го поврзува со минатото. Откривајќи го минатото, тој се открива себеси во исто време како бескрајно мала клетка на светот на која коегзистираат слоеви од минатото и динамиката на технолошкото чудо на сегашноста. Од клетка која е благословена со потенцијалот за користење на „логоа“ за обликување на иднината.

Изложба Китара: Клетки Хирокитиа, Музеј во Лувр, Париз , 2008-09

Извор: https://www.theodoulosgregoriou.com/outlook

Инсталациа ‘Китара; Клетки – лична географија’ Палата Лувр, Париз, 2016
Извор: https://www.theodoulosgregoriou.com/news

Изложба „Ментална Георгафија/Соѕвездија“ во МНАЦ–Национален музеј на современа уметност,          Букурешт, 2023 година

Извор: https://www.philenews.com/politismos/prosopa/article/1323009/theodoulos-grigoriou-i-megali-timitiki-ekthesi-sto-voukouresti/

Повеќе вести