Александар Филев

Византиската уметност (4 – 15 век н.е.) генерално се карактеризира со оддалечување од натурализмот на класичната традиција кон поапстрактното и универзалното, постои дефинитивна предност за дводимензионални претстави, а доминираат оние уметнички дела кои содржат религиозна порака. Меѓутоа, до 12 век од н.е., византиската уметност станала многу поекспресивна и поимагинативна, и иако многу теми бескрајно се повторуваат, постојат разлики во деталите низ тој период.

Иако е точно дека огромното мнозинство од преживеаните уметнички дела се религиозни по тема, ова може да биде резултат на селекцијата во следните векови бидејќи има изобилство референци за секуларната уметност во византиските извори и паганските теми со класична иконографија продолжиле добро да се создаваат во X век од нашата ера и понатаму.

Користејќи светли камења, златни мозаици, живи ѕидни слики, сложено резбана слонова коска и благородни метали генерално, византиските уметници разубавуваа сè, од згради до книги, а нивното најголемо и најтрајно наследство се несомнено иконите кои продолжуваат да ги красат христијанските цркви околу свет.

Александар Филев е познат македонски сликар и мозаичар чија работа е под влијание на Византиската уметноста и тој во својата збирка слики ги покажал нејзините пресудни карактеристики.

Александар Филев е роден 1982 година во Струмица. Своето образование го започнал во средното училиште за применета уметност „Лазар Личеноски“ во Скопје, а го продолжил на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство со конзервација и реставрација во класата на проф. Благоја Маневски. Од 2001 година е асистент во отвореното студио за современ мозаик. Учествува во изработката на монументалните мозаици во Меморијалниот центар во с. Пелинце, како и во повеќе уметнички проекти и групни изложби.

Неговите дела се наоѓаат во многу приватни и државни збирки и институции, меѓу кои и Меѓународната струмичка ликовна колонија, Музејот на современ мозаик Брациано – Италија, но и како мозаични решенија за неколку свети предмети.

Филев работел на збирката слики „Страдање“. Според него, цртајќи фигура од боите истурени на белото платно, добил асоцијација со ликот на Исус. Оттогаш почнал да работи на овој циклус слики кои се насликани во различни варијанти во големи формати, на експресивен начин, на кој се чувствуваат неговите страдања, неговата болка во очите, неговото мачење.

Кога ќе ја видите Светата Мајка Божја и Исусовата претстава во неговата збирка дела, може да се препознае иконо-лична византиска претстава на Богородица, прераскажана на неговиот уметнички јазик. Влијанието на византиското наследство врз нашиот онтолошки идентитет е длабоко. Тој го сака византиското сликарство. Отсекогаш бил инспирација на многу сликари, но неговите дела не се канонски начин на сликање, туку тој се обидува на свој автентичен начин да ја наслика Богородица, Исус или која било религиозна претстава, сè уште ткаејќи ги карактеристиките на византиската уметност во позадината.

На својата најнова колекција работи од 2020 година и се работи за дела со големи формати. Досега има насликано околу 40 дела, но сέ уште не е дојдено време за изложба, бидејќи има уште многу да каже, а секако следната изложба ќе биде со овие најнови дела.

Повеќе вести