Yes for Less

Yes for Less е првата македонска платформа која ви помага да ги најдете на едно место сите информации што ви се потребни за поодржлив начин на живот.

Иако многу луѓе се обесхрабрени од светската и локалната политика тврдејќи дека ние самите не можеме ништо да промениме, основачите на платформата веруваат во друга филозофија. Иако постојат одлуки на кои не можеме или врз кои тешко е да влијаеме, тие веруваат дека секој од нас поединечно може да направи мала промена и дека со само мали чекори можеме да дојдеме до големи промени еден ден.

Тие сакаат да ѝ помогнат на публиката која е желна и подготвена за промени, да има полесен пристап до ресурсите и информациите што им се потребни за да живеат поодржлив живот.

Нивната цел е да создадат зелена мрежа со собирање на сите мали, средни и големи бизниси во Северна Македонија кои на свој начин придонесуваат за одржлив развој.

Одржливиот развој ги опфаќа сите сфери од нашиот живот, а еден човек не може да биде експерт во сите области. Комуницирајќи со многу наши следбеници на социјалните мрежи, некои поединци и некои мали бизниси желни за промени открија дека имаат многу да споделат и да научат едни од други.

Тие постојано откриваат нови проблеми со кои се соочуваат луѓето на полето на одржливото живеење во нашата земја, но и различни решенија, идеи и перспективи кои ги отвораат нашите гледишта и постојано нѐ мотивираат да продолжиме со она што го работиме.

Затоа тие решија на секој од нас да му дадат нешто корисно, едукативно и инспиративно за споделување со другите, шанса да биде дел од ова движење, а со тоа и од нашата еко-заедница.

Повеќе вести