„5 елементи“ е работилница/продавница во која се продаваат рачно изработени креации. Во продавницата (физички или онлајн) можете да најдете рачно изработен накит, аксесоари, украсни и керамички предмети. Сите креации се целосно рачно изработени со различни материјали како дрво, глина, метал и други природни материјали.

Покрај тоа, 5elements_handbuiltart организира тематски работилници за возрасни и деца за пренесување на вештините од уметноста на керамиката.