Нефелес е центар за уметничка терапија лоциран во Никозија, основан од Лениа Георгиу, кипарски визуелен уметник и уметнички терапевт.
Лениа студирала ликовни уметности на Универзитетот Кингстон во Лондон во Обединетото Кралство и магистрирала уметничка терапија на Академијата за ликовни уметности Брера во Милано, Италија.

Нејзината практика е втемелена во областа на сценската уметност, инсталација и сликарство. Таа е вклучена во проекти на заедницата и социјално ориентирани проекти кои се составен дел од нејзината работа бидејќи произлегуваат од нејзината потреба да ги „редефинира“ границите – и физички и ментални. Нејзината работа обично претставува одговор на актуелни општествени, политички и културни прашања. Нејзините дела често имаат номадска функција или партиципативно/колаборативно уметничко создавање.
Покрај тоа, таа соработувала и учествувала на претстави и професионални настани со меѓународно реномирани уметници, а досега има изложувано во земји како Италија, Северна Македонија, Грција и Кипар. Работата на Лениа најмногу се занимава со прашања за раселување, преселување и основната човечка потреба од засолниште. Таа е заинтересирана и за теми како редефинирање на границите, за општествени прашања и за нормите и елементите што го дефинираат идентитетот на поединецот.

Античко кипарско сликарство. Од карпи до сликање. (фото: Христодулос Агапиу)
Масло на платно од Lenia Georgiou
Извор: https://www.facebook.com/leniageorgiouart/photos_by
Ποξιάς (Поксиàс) 2014, инсталација за мешани медиуми, Ларнака, Кипар, од Ленија Георгиу




