Хронико Концепт продавницата е проект кој се фокусира на археолошкото и традиционалното богатство на островот Кипар.
Проектот започна во 2021 година од страна на уметникот Василики Риала. Таа е современ уметник која ја создала модерната восочна свеќа „тамата“ која црпи од богатото наследство на островот и ја внесува античката историја во модерниот дом.
Рачно изработените свеќи на Василики, во најголем дел, се излеани во форма на археолошки икони. Тука е јавачот на коњ, како и зооморфниот елен, и двата од архајскиот период од 650 до 480 п.н.е. Тука е идолот од Помос, Ставрошимо, кој е толку добро познат што се појавува насекаде каде што се слави минатото на Кипар.
Рачно изработените свеќи на Василики
Хронико Концепт продавницата има за цел:
- да го доближи и претстави археолошкото богатство.
- да најде иновативни решенија за современи потреби.
- да го едуцира локалното население и пошироката публика за кипарската историја и потеклото на традицијата на тамата (заветни приноси).
- да даде поддршка на локалниот пазар и уметност.
- да креира иновативни предмети за патување (сувенири).
- да го премости историското минато со сегашноста.
Проектот ја доби наградата„Best Participation POP UP FESTIVAL NICOSIA 2021: Commerce of Culture and Creativity“ (Најдобро претставување на изворниот фестивал Никозија 2021: Трговија на култура и креативност) од страна на Стопанската и индустриската комора на Никозија. Свеќите се достапни и во продавниците за подароци на локалните музеи и археолошки локалитети. Сите производи се изработуваат рачно на островот Кипар.