„ПОВТОРНА УПОТРЕБА – ПОПРАВКА – ПОВТОРНО ВЉУБУВАЊЕ“ е водечкиот слоган на оваа зелена уметничка практика.
„Спин“ е бренд за поправка и повторна употреба на дизајнирани парчиња. Целта на Спин е да ја задржи вредноста на старите парчиња мебел, во исто време користејќи креативен пристап за давање сосема нов и модерен изглед. Идејата на овој проект е да се подигне еко свеста кај посетителите и да се запознаат со концептот на повторна употреба и поправка. Тоа е концептот на нудење „нов живот“ на старите парчиња мебел, кои во спротивно би завршиле како отпад. На овој начин можете да продолжите да го чувате старото парче за кое сте приврзани како ново уникатно производство.
Главната цел на овој бизнис концепт е да се зголеми еколошката свест кај луѓето за процесите на рециклирање, повторна употреба и репарација, како и намалување на отпадот, каде и завршува најголемиот дел од стариот мебел. Дополнително, кај нас, за жал, стариот мебел понекогаш завршува како огрев во некои домови или се согорува на отворени депонии, при што се испуштаат токсични материи кои се многу штетни за здравјето на луѓето, па со овие процеси директно влијаеме на намалувањето на загаденоста на воздухот. што станува сериозен проблем кај нас.

Друга главна цел на Спин е да ја зачува сентименталната вредност што ја имаат луѓето за одредено парче мебел, како и културната вредност на овој вид мебел, кој денес се заменува со масовно производство од нееколошки материјали. Потребата да се даде еколошки пристап кон дизајнот станува сѐ поважна, па комбинацијата на уникатен дизајн и еколошки пристап се главните карактеристики на Спин.
Важна цел во овој зелен бизнис е и зачувувањето на традиционалните занаети кои, за жал, сè повеќе исчезнуваат, а Спин го постигнува тоа зачувување со вклучување на традиционални занаетчии (столари, тапацири, бравари итн.) кои работат на дизајните на Спин со својот професионален пристап. Младите уметници и дизајнери понекогаш се вклучени во процесите на дизајнирање на парчињата, давајќи им можности да остават уникатен печат при изработката на некои од Спин парчињата.