Мирјана Јосифоска

Кон крајот на 2019 година, со колекцијата „Memory of a Town“ започнува приказната за дизајнерскиот бренд „Мирјана Јосифоска“. Тоа е прва и единствена модна колекција на овој бренд, така што денес станува препознатлив по одржливата мода целосно фокусирана на дизајнирање шапки, со што дизајнерката Мирјана Јосифоска станува првата македонска дизајнерка на шапки.

Идејата за етичко производство на шапки и додатоци за коса е една од победниците на натпреварот „Зелени идеи“ организиран од Асоцијацијата за социјални иновации АРНО .

Нејзината љубов кон шапките постои уште од најмала возраст и започнала со шапките на баба ѝ и мајка ѝ, па продолжила во тинејџерските години. По некое време сакала да купи дизајнерска шапка и сфатила дека такво нешто не постои на македонскиот пазар. Токму тоа ѝ беше мотивација и инспирација да го основа првиот македонски бренд за дизајнерски шапки.

Првата колекција на шапки наречена „The Seven“ брендот ја претстави во 2021 година на 24-тото издание на Модниот викенд во Скопје.

Креирањето за секоја наредна колекција е сегментиран процес на собирање инспирација и опсежно истражување, проследено со развој на концепт и првични скици на модели.

Следната колекција „Lavender Fields“ е инспирирана од прекрасните полиња со лаванда во Тиквешијата. Третата збирка „Cycle“ го претставува циклусот на животот опишан низ боите во македонската народна уметност.

Нејзината мисија е да го намали отпадот од текстил преку одржлив дизајн и етичко производство. Тие користат 100% сертифицирани материјали, текстилен отпад или материјали од 100% природно потекло. Во производниот процес тие користат техника на кроење „нула отпад“, каде што целта е да се создаде што помалку отпад. Од целиот отпад што се создава со производството на шапките, тие создаваат уште помали производи – стегачи за коса, со цел отпадот да се намали речиси на нула.

Покрај во земјата, брендот ги претстави своите колекции и пред публиката во Белград, Љубљана и Солун. Освен на модни ревии, таа често учествува на натпревари и програми кои промовираат зелена мода, како што се „Sustainable Fashion Competition“, „Uplift Western Balkans“ и „Fashion Scout SEE“ во Љубљана .

Повеќе вести