
Микаела Касину е актерка, сценограф и дизајнер. Таа е и сопственик на Ми.Ка (Mi.Ka) дизајни и Ми.Ка сценографија. Дипломирала на Универзитетот Брајтон (МД, 3Д дизајн и вештини) и студирала драма.
На почетокот на нејзината кариера, нејзината работа главно се засновала на користење на традиционалните кипарски занаети во нов контекст со користење на голем број материјали како што е дрвото, смола и неопрен.
Таа била инспирирана од „Лефкаритико везење“. „Лефкаритико“ е на списокот на нематеријално културно наследство на УНЕСКО. Со „Лефкаритико“ Микаела создаде линија женски чевли. Микаела пишува „Лефкара тантелата е најпознатиот традиционален вез од Кипар. Главните карактеристики на Лефкара тантелата се нејзината неутрална боја, двете страни на везот изгледаат исто и не можат да се одвојат, дизајните создаваат сенки и се инспирирани од природата и околината, а има карактеристични симболи како сонцето и маргаритките.
Овој проект ми дава шанса да експериментирам со сопственото културно наследство, да го претставам во нов контекст и перспектива и да го направам познато надвор од границите на Кипар. Избрав да работам со женски чевли (високи потпетици) бидејќи везот Лефкаритико беше ексклузивен женски бизнис. Го направила жена за жена.’’
Во моментов работи како сценограф, сценски дизајнер, стилист и реквизит мајстор за различни ТВ, филмски и театарски продукции. Студирала и театар (глума), а работи и во ТВ продукции и со различни независни театарски групи.

Микаела Касину во нејзиното студио во Стариот Град на Никозија, фотографија на Омниа
Колекција на чевли со ‘Лефкаритико чипка’ од Микаела Касину
Source: https://www.facebook.com/media/set/?set=a.849160245113365&type=3
Микаела Касину, фотографија од Микаела Касину
Костимографија од Микаела Касину, фотографии од Микаела Касину








