Јувелир златар Доминикас Вакринас дипломирал на Академијата за уметности во Вилнус со специјалност за метална уметност. Д. Вакринас е познат по изработката на исклучително технички сложен накит и беспрекорниот квалитет на неговото изведба. Како стартап златар во својата работа, тој користи само најквалитетни материјали: совршено полирани, проѕирни дијаманти, злато и платина во различни бои. Поголемиот дел од накитот што го создава Доминикас се приватни нарачки, обмислен до најситните детали, со примена на најсложените идеи на клиентите. Нивниот уникатен дизајн е креиран и детално дизајниран од самиот златар. Во креативниот процес, Доминикас секогаш дава приоритет на рачната работа, традиционалните технологии за изработка на накит од злато, кои прецизно ги комбинира со модерната, современа естетика.
Доминикас се обидува да открие нови материјали за неговата работа. Неодамна почна да работи со циркони. Неговиот сосед стоматолог има своја лабораторија и златарот го следи процесот со кој од кршлив материјал како креда, работен многу внимателно, со загревање 8 часа на температура од 1555 степени, се добива цврст матреријал. Доминикас создал многу дела што ги подарил на својот град.
А кога градот конструира дела и предмети, тој учествува со задоволство. И убаво е што финалниот производ не се крие некаде дома, не чека на полица, туку ја претставува приказната со своето единствено гледиште или изглед. Направил мини скулптура „Наполеоновата пета“ и се надева дека некој млад човек ќе се инспирира и тој сосема поинаку ќе погледне на историјата.
Покрај специјализираното знаење, на човек кој работи на таква работа му требаат и многу други вештини, а знаењето треба постојано да се продлабочува – да пишува, комуницира и измислува и црта и да го учи јазикот на купувачот за да комуницира со него, да го научи јазикот на занаетот, да го научи и квалитетот на металите и камењата, да ги проценува камењата.
Со тоа што јувелирпт работи многу со скапоцени материјали, злато, платина, се појавува и посебен однос кон природата и заштитата на животната средина. Доминикас Вакринас како стартап не се жали на недостаток на работна сила, има студенти, и што е најважно, нови идеи.