Националната галерија е национален музеј на уметноста на Северна Македонија во Старата чаршија, лоциран во главниот град Скопје. Неговата постојана колекција е сместена во зградата на Турската бања од 15 век позната како Даут-Пашин амам, но музејот има и помал изложбен простор во блискиот Чифте Амам, а во него дополнително спаѓаат и Мала станица и Спомен куќата на Лазар Личеновски. Основана во 1948 година, колекцијата на музејот датира од 14 век.
Иницијативата за отворање на Уметничката галерија, сегашната Национална галерија на Северна Македонија, е поттикната од основачите на македонската современа ликовна уметност: Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Димче Кочо, Димо Тодоровски и другите членови на ДЛУМ (Друштво на ликовни уметници) на Северна Македонија). Во 1948 година, со одлука на Министерството за образование и Владата на НР Македонија, започнало формирање на Уметничка галерија како дел од националната програма која го опфатила организирањето на целокупниот општествен, просветен и културен живот во ново основаната држава.
Во 2005 година, Националната галерија на Северна Македонија ги подобри своите капацитети со уште еден изложбен простор – мултимедијалниот центар Мала станица, кој многу брзо стана многу атрактивно урбано место, вклучено во ексклузивни изложбени активности од различни карактери, бидејќи во него се одржуваат настани од различни културни сфери. Практично е невозможно да се одговори на барањето на бројни уметници да бидат домаќини на нивните проекти, но тимот на Галеријата успева да ги задржи квалитетните карактеристики на оваа национална установа.

Галеријата се гордее со отворањето на уште еден објект под капата на Националната галерија на Северна Македонија: Спомен-куќата на Лазар Личеноски, која ја донираше семејството на уметникот заедно со целата покуќнина и уметничките дела, кои таму ќе се сместат по смртта на сопругата на Личеноски Зоја. Националната галерија ќе се грижи за реставрација, конзервација, документација и детално и темелно истражување на животот и достигнувањата на овој бард на македонската уметничка сцена.
Во рамките на својот официјален сајт, Националната галерија на Северна Македонија нуди 3Д виртуелна обиколка на Даут-Пашин амам, достапна за луѓето кои не се во можност физички да го посетат, и тоа на: