Александра Пампука

Александра е визуелна уметница родена во Никозија со високо развиена еколошка и социјална грижа. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот на Западна Македонија во Лерин и на магистерската програма „Културна политика и развој“ на Отворениот универзитет на Кипар. Од 2016 година практично и истражувачки се занимава со нематеријално културно наследство, особено во областа на кошничарството. Учествувала на релевантни работилници во ОК, Кипар и Португалија, како студент или како едукатор. Во 2020 година, таа посетувала тримесечна Еразмус+ пракса во невладината организација „Чекор кон идината“ (Passao Ao Futuro) во Лисабон и се вклучила во одржување и развој на традиционалните португалски ракотворби преку одржлив дизајн. Нејзините визуелни уметнички дела се поврзуваат со природни или преработени материјали (ткаенини, пластична амбалажа итн.), инкорпорирање на традиционални техники. Нејзини главни теми на интерес се човечкиот однос со природната средина, фолк и кич културата, ритуалноста, споредбата на ангажирање на луѓето во современата уметност и народната уметност и одржливост. Неодамна таа развила дигитални уметнички дела кои ги комбинираат нејзините физички текстилни уметнички дела и дигитални цртежи во процесот на адаптација на нова тактилна средина. Александра учествувала на различни групни изложби, работилници и проекти во Кипар и во странство. Нејзините дела се дел од збирките на Кипарската галерија на современа уметност и имаго Мунди (Imago Mundi) на Фондацијата Лучијано Бенетон

Извор: HTTPS://2O-ERGASTIRIO-ZOGRAFIKIS-FLORINA.BLOGSPOT.COM/2016/07/2016.HTML

Извор: HTTPS://WWW.ALEXANDRAPAMBOUKA.COM/#CONTACT
„Континуирана закана“: Општествен проект кој секогаш различно се прикажува.
Инсталацијата е плетка од јута јаже.

Принт на дигитална уметност од Александра Пампука

Инсталација на преработени парчиња од отпаден текстил и предмети од Александра Пампука

More news